Снег и мраз ја покри Британија и луѓето не можат да се изнарадуваат и покрај казните

Температурата во Британија се спушти на -10, а снежната покривка е околу 16 см и ова беше и повеќе од добра причина и старите и младите да излезат надвор. Рестрикциите за собирање се уште важат па полицијата се заканува со казни од 200 евра. Луѓето изгледаат како да не им е многу гајле.