Снегот во време на пандемија го парализира сообраќајот во САД

Авиокомпаниите откажаа 3.723 летови, за што се обвинуваат пандемијата и временските услови, а ситуацијата покажува знаци на подобрување.

Возовите исто така се тргни-застани поради паднатите дрвја на пругите, кои нема кој да ги исчисти поради огромните бројки заразени лица кои не се на работа.

Снежната бура Фрида зароби стотици луѓе покрај I-95 во Вирџинија во вторникот, а стотици други останаа во возовите на Амтрак повеќе од 30 часа со заклучени тоалети и без храна.