Снимка од пред 125 години ни покажува дека работите и не се промениле онолку колку што мислиме

Обоена снимка од борба со снежни топки која датира од пред 125 години го воодушеви интернетот.

Вообичаено, давањето боја на црно-бели филмови и ТВ емисии е кардинален грев, тоа ја отстранува суштината на оригиналот и дополнително ги обесхрабрува луѓето да ги гледаат класичните филмови, бидејќи тие „стари“.

Меѓутоа, со помош на денешната технологија, тоа може да биде фасцинантен експеримент. Во далечната 1896 година, Луј Лумиер, одговорен за некои од првите снимки во движење, снимил борба со снежни топки.

 

Обновеното видео всушност е преработено во октомври минатата година, благодарение на Јутјуберот Дмитриј Бадин. Користејќи модерирана верзија на софтверот DeOldify кој работи со помош на вештачка интелигенција, тој можеше да го обои филмот, да ја зголеми резолуцијата и да додаде дополнителни кадри, давајќи му понежен изглед на целото видео.

Во пресрет на божиќната сезона и (се надеваме) снежното време, тоа е потсетник дека отсекогаш било забавно да уживате во снегот.

Снимката го обиколи интернетот во текот на изминатата година, а неодамна повторно се појави како што се влегуваме во постудените месеци од годината.