Снимка од забава во аквапарк во Вухан, илјадници луѓе БЕЗ МАСКИ И БЕЗ ГАЈЛЕ?!
Додека кај нас вирусот не стивнува, еве каков е животот сега во Вухан, местото од каде што започна светската пандемија.
Илјадници млади Kинези во текот на викендот го преплавија аква-паркот во централниот кинески град Вухан, каде минатата година избувна коронавирусната инфекција, „жедни“ за забава, бидејќи животот во тој град полека се враќа во нормала, пренесува Агенцијата Франс-Прес.

Популарниот парк Вухан Аква беше исполнет со весели млади луѓе во костими за капење, кои „танцуваа“ на електронска музика, а многумина од нив беа во мали гумени чамци, додека други само пливаа.
Паркот Вухан Аква повторно беше отворен во јуни, како дел од постепеното отворање на градот по 76-дневнот карантин и строгите мерки за запирање на вирусот.
Аква-паркот, кој според локалните медиуми, го исполнил половина од вообичаениот капацитет, исто така понудил 50% попуст за жените.

Првите познати случаи на Ковид-19 беа забележани минатата година во Вухан, град со 11 милиони луѓе, по што вирусот се шири ширум светот, убивајќи, според worldometers.info, 775.000 луѓе. Инфицирани се скоро 22 милиони луѓе. Поради затворањето, не се загрозени само националните економии, туку и светската економија.
Во Вухан, карантинот беше укинат во април, а од средината на мај досега немаше официјално потврдени случаи на инфекција во провинцијата Хубеи, од кои Вухан е главен град.

За зајакнување на локалната економија, владата на Хубеи понуди бесплатен прием на 400 туристички места на нејзина територија.
Кина во голема мерка ја стави епидемијата на коронавирусот под контрола, но повремените жаришта и тешките летни поплави продолжуваат сериозно да ја загрозуваат нејзината економија.
Во продолжение погледнете како изгледаше сето тоа
