Снуп Дог ја откри „смешната“ причина зошто апсолутно не може да го поднесе трендот на тесни фармерки

Снуп Дог откри кој моден тренд апсолутно не може да го „поднесе“ и која е причината за тоа.

 

 

 

Познат по својата широка гардероба и генерално лежерното однесување, не е изненадување што пејачот на „Drop It Like It’s Hot“ (52) воопшто не им дава на тесните фармерки место во неговиот плакар. Сепак, точната причина зошто никогаш нема да го видите Снуп Дог во тесни панталони, може да биде изненадување.

„Јас сум слаб, па мојот изглед во нив ќе биде проблем за сите“, изјави раперот за PEOPLE. „Има одредена граница за нас слабите. Секако ќе биде и многу тешко да ги извадам од мене“.

 

 

Снуп со текот на годините стана познат по неговата смисла за модата, нешто што тој ѝ го припишува како заслуга на неговата стилистка Талија Колс која го разбира неговиот стил и однесување. Раперот кој се претвори во културен феномен и се најде на насловните страници откако стана најважната личност Олимписките игри во Париз ова лето.

 

 

Работејќи како американски емитувач за NBC, ѕвездата заработуваше 500.000 долари дневно во Париз, според извештаите.

Снуп се испроба во мечување, џудо, па дури доби и час по пливање од легендарниот американски олимпиец Мајкл Фелпс. Шегувајќи се со рекордниот освојувач на 28 медали, раперот смета дека има „бели дробови“ да добие златен медал, поради долгогодишното пушење марихуана.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *