Со години ја лажам сопругата и не знам како да престанам (не е тоа што мислите)

Со сопругата сум во брак 8 години, заедно 12. Имаме ќерка која има 4 години. И двете ги сакам онолку колку што човек е способен да сака, повеќе отколку што некогаш мислев дека би сакал некого. Искрено не можам да живеам без нив. Сепак, јас чував огромна тајна од нив двете и таа почна да ми тежи на совеста.

 

На секои неколку месеци, можеби 2-4 пати годишно, изнајмувам хотелска соба. И кажувам на жена ми дека одам на службено патување, или на гости кај сестра ми, или кој и да е веродостоен изговор што ќе го замислам што ќе ме извлече од куќата на една или две ноќи. И јадам.

Ќерка ми има алергија на кикиритки. Што значи дека станавме строго домаќинство без кикиритки. Па изнајмувам соба, и јадам се што не смееме да имаме дома. Путер од кикирики, колачиња, Сникерс… Пуштам филм, пушам трева и јадам додека не се комирам. Потоа следниот ден ги мијам забите неколку пати, ја ставам облеката што ја носев во торба, се туширам со супер топол туш и облекувам свежа облека што ја чувам затворена во пластична кеса. И си одам дома каде облеката оди право во машина за перење.

И моето слатко, убаво семејство не се сомнева во ништо. Жена ми секогаш ме поздравува толку срдечно, ме прашува како ми е патувањето и ме бакнува во истите усни со кои ги лажев. И си велам дека нема да го повторам тоа, додека не поминат неколку месеци и не се потам од помислата на Сникерс.

  • Филип напиша:

    Мотика, ај дека не можете поглупава статија од оваа да измислите!?!

  • vanco напиша:

    i jas nemozam da prestanam da sedam u wc po 2 saata koga kenjam 😀

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *