Собирање сок од палми за производство на шеќер: Тешката работа којашто Камбоџанците мораат да ја работат за да врзат крај со крај

Чин Чунг поминува речиси 12 часа дневно собирајќи сок од палми, кои тој и неговата сопруга ги претвораат во шеќер од палми.

54-годишникот се пофали дека е еден од највештите качувачи на палми во Камбоџа, а вештината ја научил од својот татко. Но, по 36 години освојување дрво по дрво, Чунг планира да се пензионира во следните неколку години поради загриженоста за безбедноста поврзана со возраста.

„Оваа работа ја наследив од татко ми. Ова беше негово наследство и не сакам да заврши поради мене. Но, знам дека после мене ова ќе биде готово“, рече Чунг.

Оваа професија не им се допаѓа на неговите синови и внуци бидејќи е и тешка и опасна работа.

Младите луѓе во руралните средини на Камбоџа имаат повеќе можности да заработат за живот, за разлика од генерацијата на Чунг, која немала друг избор. Многумина се преселиле во големите градови, па дури и во други земји како Тајланд, Јужна Кореја или Јапонија за да најдат работа.

Чунг работи од 6 до 18 часот, искачувајќи се на 20 палми за да собере сок. Неговата сопруга Чин Ит го вари сокот на оган на отворено, мешајќи додека не ја достигне саканата густина.

Сокот што го собираат во еден ден произведува приближно 10 килограми шеќер. Нивната дневна заработка е околу 100.000 рили (1400 денари).

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *