Социјален експеримент: „Држев картон на кој пишуваше дека барам ПРИЈАТЕЛ сред Њујорк- она што се случи потоа ме шокираше“
Со плановите да се пресели од својот роден град Лондон во Бруклин во пролетта 2024 година, Ли Томпсон (41) учтиво ги праша жителите на Големото јаболко: „Дали ќе ми бидеш пријател?“ напишано на парче картон.

И шокантно, поголемиот дел од градот одговори со убедливо: „Не!“
„Што не е во ред со тебе, по ѓаволите?“, рече една дрска русокоса во станицата Гранд Централ, каде што Томпсон, оженет татко на едно дете, го започна својот 36-часовен лов за пријатели.

„Не сакам да бидам твој пријател“, додаде друг човек.
Томпсон ја бележи својата потрага низ градот, вирално споделувајќи снимки на кои дели „биографија за пријатели“ – флаери кои ги означуваат придобивките од тоа да се биде негов пријател, комплетирани со референци од неговата сопруга Рада – и држејќи го својот рачно изработен знак на улиците и во градски паркови. Видеото освои над 150.000 прегледи на „Инстаграм“.
И додека тој на крајот успеа да се поврзе со буквално неколку потенцијални пријатели во град со околу 8,5 милиони жители, Томпсон – основачот на „Flashpack“, виртуелен центар за соло светски патници – рече дека барањето пријател во Њујорк било тежок потфат.
„Дојдов во Њујорк со однапред смислена идеја дека ќе биде предизвик да се вклучам во дружва со случајни њујорчани на улица“, изјави Томпсон за „The Post“. „Мислам, Њујорк има малку репутација на непријателски настроен град.

Сосема очекувано, жителите на големиот град ги оправдаа ниските очекувања на Томпсон.
„Сакам да бидам твој пријател“, викна еден човек кој се претстави како Остин.
„Добро, ајде да ја видиме оваа биографија“, рече една бринета, поканувајќи го Томпсон да ја придобие со неговите квалитети.
Чувствувајќи се уверен во неговите неколку новопечени пријатели, Томпсон ја покани својата екипа другари на пијачка.
Она што го сфатив е дека њујорчаните се хипер-фокусирани и директни“, рече тој. „Но, тоа не значи дека тие се со ладно срце“.

Коментирај анонимно