Социјалните мрежи ја менуваат младоста: Науката со загрижувачки сознанија за вниманието и емоционалната состојба
Ново истражување од Нанјанг технолошкиот универзитет во Сингапур открива дека долгото користење на социјалните мрежи длабоко влијае на младите. Испитаниците признаваат дека тешко се концентрираат и често се одвлекуваат дури и од најкратките активности. Ова не е само личен проблем, туку прашање што се однесува до целото општество.
Истражувањето опфати 583 испитаници од две различни држави и култури, Сингапур и Австралија, како и нивните родители. Ова овозможи детален увид во состојбата на младите корисници, нивните навики и перцепциите на повозрасните за влијанието на социјалните мрежи.
Повеќето млади се жалат на проблеми со концентрацијата и постојано одвлекување на вниманието од телефоните. Резултатите покажуваат дека многумина се соочуваат со потешкотии при учење и често не можат да го задржат вниманието дури ни при гледање кратки видеа. Постои општа свест кај младите за негативните последици од овие навики врз нивното образование и иднината.
Покрај самите млади, и родителите физираат сериозна загриженост. Тие сметаат дека честото користење на социјалните мрежи влијае негативно на емоционалната стабилност и здравјето на нивните деца.
Истражувачите предупредуваат дека проблемот станува се поизразен и бара општествено дејствување. Тие препорачуваат воведување ограничувања и алатки кои би им помогнале на младите поефективно да го контролираат времето и вниманието што го трошат на социјални мрежи.
Коментирај анонимно