„Сочни“ писма кои Алберт Ајнштајн ѝ ги пишувал на својата сопруга се на продажба за повеќе од 1 милион евра

Овие искрени пораки, кои ги напишал големиот научник до својата прва сопруга, се пуштени на продажба и се очекува да предизвикаат наддавање.

Писмата, напишани на германски готски шрифт, се адресирани до неговата љубов Милева Мариќ и содржат детали за нивна средба покрај романтичното езеро Комо во Италија, каде Ајнштајн пишува како нетрпеливо чека да се „замотаат заедно во неговата сина бањарка“.

 

Се верува дека Мариќ останала бремена за време на нејзиниот престој со физичарот, а подоцна во почетокот на 1902 година се родила нивната ќерка Лизерл.

Во едно од писмата, тој напишал: „Дојди кај мене во Комо и понеси ја мојата сина бањарка, за да можеме да се завиткаме во неа“

Овие писма, кои покрај романтични моменти содржат и описи за неговата работа на теоријата за која подоцна добива Нобелова награда, првично се чувани во неговото семејство, а во 1996 година беа продадени на приватен купувач, кој сега е подготвен да се раздели од нив.

 

Аукционерите велат дека е „исклучително ретко“ да се најде кореспонденција од Ајнштајн од периодот пред 1905 година, која открива многу за неговите „формирачки“ години.

Во едно од писмата, тој пишува за својата работа: „Моите размислувања за радијацијата почнуваат да добиваат малку поцврста основа. Сè повеќе сум убеден дека електродинамиката на подвижни тела, како што денес е претставена, не е точна и дека би требало да е можно да се претстави на поедноставен начин“.

 

Томас Венинг, специјалист за ракописи во Кристи, вели: „Писмата ни ја даваат целосната слика за тоа каков бил Алберт Ајнштајн во неговите формирачки години. Многу е ретко да се најдат писма од него од периодот пред 1905 година, и тоа со такво значајно значење и до таков важен примач. Иако бил само тинејџер кога почнал да ги пишува, се чувствува дека веќе поставувал прашања за различни области на физиката. Тој не сакал само да ги прифати претходните научни теории, туку напротив, сакал да ги прошири границите и да ги предизвика конвенциите“.

Ајнштајн почина во 1955 година, а продажбата на писмата ќе се одржи на 11 декември.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *