Социјалното дистанцирање на една личност може да спречи 59.000 инфекции, објаснува професор, специјалист за интензивна нега

Милиони луѓе низ целиот свет се повикуваат да останат внатре и да вежбаат социјално дистанцирање во обид да ги заштитат другите и да се справат со пандемијата на коронавирус.

За оние кои се борат – или одбиваат – да разберат како нивните активности ќе стават во опасност илјадници животи, професор и специјалист за интензивна нега објасни точно зошто е толку важно да се следат упатствата и да останат внатре.

Професорот Хуг Монтгомери започна со сумирање на она што ќе се случи ако тој или било кое друго лице добие грип. Според неговите проценки едно лице ќе го пренесе грипот на 1,3 или 1,4 лица, ако има таква поделба. Ако тие продолжат да го пренесуваат на 1,4 лица и кога тоа ќе се случи 10 пати Монтгомери вели дека би бил виновен за 14 случаи на грип.

Но, како што веќе знаеме, КОВИД-19 не е како обичниот грип, тој е многу позаразен. Значи, објасни тој, секој што ќе фати COVID-19 во просек ќе го пренесе на три лица. „Сега тоа не звучи како голема разлика, но ако секој од овие тројца го пренесе на тројца, а тоа се случува на 10 слоја, јас ќе сум одговорен за заразување на 59.000 луѓе“, вели тој.

Затоа, едно лице што практикува упатства за социјално дистанцирање има можност да спречи 59.000 инфекции на КОВИД-19, само со тоа што ќе остане дома и ќе избегнува социјални собири.

Професорот Монтгомери тогаш сумираше совршено велејќи: „Ако сте доволно неодговорни за да мислите дека не ви пречи доколку го имате грипот, запомнете дека не станува збор за вас. Се работи за сите други“.