Софтверски инженер, којшто некогаш заработувал 150.000 долари годишно, сега живее во приколка затоа што вештачката интелигенција му ја одземала работата

Шон Кеј, софтверски инженер со две децении искуство, некогаш заработувал 150.000 долари годишно во државата Њујорк. Денес, живее во приколка и се бори да преживее – доставува храна преку апликации и продава лични предмети на eBay. Причината? Неговиот поранешен работодавец ја заменил неговата позиција со – вештачка интелигенција.

Кеј, кој има 42 години, за Fortune изјавил дека испратил над 800 апликации откако останал без работа, но добил само десет интервјуа – од кои неколку, иронично, ги водела ВИ. „Се чувствувам невидливо, како да сум отфрлен уште пред некој човек да го прочита моето CV“, вели тој.

 

Софтверски инженер, којшто некогаш заработувал 150.000 долари годишно, сега живее во приколка затоа што вештачката интелигенција му ја одземала работата

Работните места по пандемијата

Иако ВИ се претставува како главен виновник за овие промени, проблемите се подлабоки. За време на пандемијата, технолошките компании профитираа енормно и вработуваа масовно. Но, по завршувањето на кризата, многу од нив сфатија дека претерале со вработувањата. Следуваа отпуштања, токму во момент кога пазарот го преплавија нови дипломци од STEM области. Работните места станаа поретки, а квалитетот на достапните позиции сè понизок.

Иако вештачката интелигенција се претставува како „револуционерна алатка“, таа често создава код со грешки. Истражувања покажуваат дека 59% од програмерите редовно се соочуваат со грешки при користење на ВИ за пишување кодови. Но, наместо да се инвестира во квалификувани работници, компаниите сè почесто ја користат ВИ за да ја зголемат продуктивноста на работници со пониски вештини – често во земји со ниски трошоци за труд.

Работните места по пандемијата

Дистописката приказна дека ВИ нè заменува можеби е застрашувачка, но вистината е уште поалармантна: ВИ не го презема технолошкиот сектор – таа го претвора во експлоатациска машина.

  • Scorpion напиша:

    Колку да напишете некој текст за да земете некоја паричка .Еве да ви дадам идеја
    Софтверски инжинер Сиао Ти Џун Ин од Хонг Конг останал без дом и без семејство откако јљ изгубил работата заради ВИ која го заменила во неговата работа ……. Алооо бре па дали сте нормални ?

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *