Шок во научниот свет: Кина во тајност гради џиновски телескоп
Кина тајно гради нов радио-телескоп што ќе биде дури поголем од сегашниот 500-метарски FAST – најголемиот телескоп од тој тип во светот. Овој телескоп ќе може да детектира исклучително слаби сигнали од најдалечните делови на универзумот – можеби дури и траги од вонземски цивилизации.
Што точно гради Кина?
Проектот FAST Core Array предвидува изградба на 24 дополнителни подвижни радио-антени, секоја со дијаметар од околу 40 метри, стационирани во радиус од 5 km од главниот FAST телескоп. Ова ќе ја зголеми резолуцијата над 30 пати, создавајќи ефективна телескопска решетка со дијаметар од 10 km.
Овој втор оперативен дел започна на 25 септември 2024 и овозможува синхронизирана работа со главниот диск за подобар увид во далечни космички феномени .
Зошто ова е значајно?
• Следење на FRB-ови (брзи радио брици) и пулсари во длабоки галаксии.
• Мапирање на темната материја и подобрено следење на гравитациони бранови и активност од црни дупки.
• Поддршка за комуникација со вселенски мисии на Месечината и Марс.
Овој проект ја засилува моќта на Кина во радио-астрономијата и нејзината позиција како меката моќ и технолошка доминанта на глобално ниво. Има огромна конкуренција, особено со SKA (Square Kilometre Array) во Австрилија/Јужна Африка и ngVLA во САД.
Денес со толку сателити и Гугл Мапс, ништо не можеш да сокреш!?
Коментирај анонимно