Шокантна вистина: 120.000 долари плата, илјадници слободни работни места – ама ниеден Американец не сака да работи!

Илјадници отворени работни места со шестцифрени плати остануваат непополнети во САД, затоа што Американците едноставно не се заинтересирани за рачна работа, предупредуваат експертите. Големите автомобилски компании, чија работна сила некогаш го поддржуваше фронтот во Втората светска војна, сега се соочуваат со сериозна криза на недостиг од квалификувани работници во занаетчиските професии.

Шокантна вистина: 120.000 долари плата, илјадници слободни работни места – ама ниеден Американец не сака да работи!

Извршниот директор на Ford: 5.000 слободни места за механичари со годишна заработка до 120.000 долари, но никој не аплицира

Џим Фарли, извршен директор на Ford, изјави дека има 5000 отворени работни места за механичари каде што може да се заработат и до 120.000 долари годишно – речиси двојно повеќе од просечната плата во Америка. Но, тие позиции тешко се пополнуваат поради недостаток на работници со вештини за рачна работа.
„Имаме проблем во нашата држава”, предупреди Фарли. „Доволно не разговараме за ова. Имаме преку милион отворени места за критични професии, итни служби, возачи на камиони, фабрички работници, водоводџии, електричари, занаетчии. Ова е многу сериозна работа.“
Тоа го потврдуваат и дилерствата низ целата земја кои имаат „јами со алат и лифтови, но никој да работи во нив“.

Извршниот директор на Ford: 5.000 слободни места за механичари со годишна заработка до 120.000 долари, но никој не аплицира

Потребни се години за голема заработка: Платите можат да достигнат 120.000 долари, но за тоа се потребни минимум 5 години учење и забрзано темпо на работа

Една од најголемите препреки за новите работници е времето што е потребно за да се достигне шестцифрена заработка, бидејќи индустријата најчесто плаќа по завршени задачи (flat rate jobs). За да заработиш многу, мораш да работиш брзо и да завршиш повеќе задачи за пократко време. За целосно да се совлада работата и да се заработува на високо ниво, потребни се околу пет години.

 

Посветеноста се исплатува: Тед Хумел заработува 160.000 долари годишно како врвен мајстор за менувачи – но деценија работел за да надмине 100.000 долари

Тед Хумел, 39 години, од Охајо, е врвен мајстор техничар специјализиран за менувачи и денес заработува 160.000 долари годишно, по повеќе од една деценија вложена во бизнисот. „Тогаш постојано рекламираа дека може да заработиш шестцифрена плата”, вели Хумел за Wall Street Journal. Тој започнал да работи во Klaben Ford Lincoln во Кент, близу Кливленд, во август 2012 година. Дури во 2022 година ја надминал границата од 100.000 долари. „Додека го правев тоа, си мислев: ‘Ова не се случува.’ Требаше многу време.“ За неговиот успех придонела истрајноста и посветеноста, но и специјализацијата за сложениот менувач – 300-килограмска машина која ги придвижува тркалата на автомобилот.

Посветеноста се исплатува: Тед Хумел заработува 160.000 долари годишно како врвен мајстор за менувачи – но деценија работел за да надмине 100.000 долари

Секако не е лесно: Почетната плата е околу 43.000 долари, а треба минимум осум години искуство или чиракување – воедно сами ги купуваат скапите алати

За да се вработиш како автомеханичар во југоисточен Мичиген, почетната плата е околу 43.260 долари, со зголемување по три месеци работа. Потребни се осум години претходно искуство или чиракување, но не е задолжителна факултетска диплома.
Почетната плата за индустриски механичар на камиони е 44.435 долари, со исти услови како за автомеханичарите. Сепак, влегувањето во занаетот е скапо – мајсторите сами купуваат професионални алати. Специјалната torque клуч што го користи Хумел чини 800 долари, и Ford бара конкретно тие да го имаат тоа парче опрема.
Работата е и физички исцрпувачка и почесто од потреба може да ги извади работниците од јамата со месеци, додека се рехабилитираат од повреди – што значи и голема загуба на приход.

Катастрофален недостиг на мајстори: Сините јаки ги бараат, белите ги отпуштаат – а производството може да остане и без 2,1 милиони работници до 2030

Додека работните места за белите јаки се намалуваат, сините јаки – занаетчиите – се сè повеќе барани. Forbes проценува дека до 2028 година ќе се отворат уште 345.000 нови работни места во занаетчиските професии. Но, за секои петмина кои се пензионираат од овие професии, само двајца ги заменуваат. Така, еден милион работни места остануваат непополнети. Со сè појакиот дефицит на вештини – бидејќи се повеќе Американци избираат факултет, Forbes прогнозира дека до 2030 година ќе има 2,1 милиони непополнети производствени работни места во Америка.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *