Шокантна вистина: Просјак што живеел како бездомник се испостави дека поседува повеќе домови, автомобили и бизниси

Во срцето на Индија, приказната на Мангилал ги шокираше и навреди сите што некогаш му дале милостина. Човекот кој изгледаше немоќен питач, во реалноста водел живот што многу Индијци можат само да го сонуваат.

Шокантна вистина: Просјак што живеел како бездомник се испостави дека поседува повеќе домови, автомобили и бизниси

Мангилал, човекот што ги измами сите

Во обид да го направат Индор град без питачи, властите неодамна “спасија” 50-годишен човек познат како Манѓилал од прометниот пазар Сарафа Базар. Поради лепра ги изгубил прстите, не можел да оди и поминувал години седнат прекрстен на мала дрвена платформа со тркала, туркајќи се полека низ пазарот. Ништо не бараше, само гледаше во земја – и тоа доволно ги трогнуваше луѓето да му дадат некоја монета.

Мангилал, човекот што ги измами сите

Реалноста зад маската на сиромаштија: Мангилал заработувал илјадници рупии и им давал кредити на трговците со камата

По интервенцијата на службениците, Мангилал бил пресоблечен во чиста облека, измиен и испрашан за неговата ситуација. Се открило нешто неверојатно: тој не само што заработувал илјадници рупии дневно, туку и им позајмувал пари на трговците во Сарафа Базар, со камата. Тие не можеле да поверуваат дека питач можел да стане кредитор.

Реалноста зад маската на сиромаштија: Мангилал заработувал илјадници рупии и им давал кредити на трговците со камата

Мангилал поседува три куќи, два рикши и автомобил со шофер

Истрагата открила дека Мангилал не бил бездомник, туку поседувал три домови: трикатна куќа, уште една куќа и стан добиен преку социјална програма. Дополнително, имал два авто-рикши (мало такси возило на три тркала) што ги издавал на други лица, и автомобил со ангажиран возач, кому плаќал месечна плата од 12.000 рупии (околу 130 евра).

Питачењето било само бизнис за инвестиции: “Не ми требаат тие пари за преживување” признава Мангилал

Мангилалсам признал дека парите што ги заработувал во Сарафа не му се потребни за преживување, туку им служат како капитал за различни инвестиции. Властите продолжуваат да проверуваат дали поседува и банкарски сметки. Уште потресно е што и неговото семејство питачело.

Мангилал се брани: „Јас не питачам, луѓето сами ми даваат пари“

„Секако одам таму, но не питачам, луѓето се оние што ми ставаат пари во џеб или фрлаат монети или банкноти на дрвената табла“, обидувајќи се да се оправда Мангилал, знаејќи дека питачењето е нелегално во Индор.

Индија – земја со најбогати питачи во светот

Интересно е што Индија ја носи титулата и за светски најбогат питач, чие богатство далеку го надминува тоа на Мангилал. Таа контрастна реалност ја разоткрива темната страна на питачењето како индустрија.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *