Шокантни фотографии од Германија пред и по водената катастрофа

Водената стихија остави пустош во многу места. Поплавите што ги зафатија Германија, Австрија и Белгија се катастрофални и се` уште се опасни по животот на мештаните и спасувачите. Овие фотографии најдобро ги покажуваат размерите на катастрофата која, за жал, со себе понесе и жртви.

Во раните утрински часови во четвртокот, рекаta Ахр се претвори во страшна струја што го преплави малото село Шулд. Заглавенo во тесна долина во регионот Ајфел во Рајнска област-Пфалц, Шулд беше едно од првите и најпогодените места од поплавите.


Пред поплавите, селото со 700 жители било мирно место, претежно посетувано од планинари и моторциклисти на пат кон блискиот Нирбургринг.

Белесем,  град во областа Ерфштат, западно од Келн, беше целосно затворен откако блиската река Ерфт ги потопи улиците и куќите. Поплавата беше толку кастрофална, што каменолом во предградието на градот се наполни со вода.

Сликата на Google Earth од Белесем пред поплавите покажува полиња, улици и куќи на местото на катастрофата.

Градот Алтенахр во долината Ахр исто така беше тешко погоден од надојдените води. Откако поројните дождови предизвикаа преплавување на обично ниска река Ахр и нејзино излевање.

Поглед од горе на Алтенахр, кој е јужно од Бон, во Рајнска област-Пфалц, ја покажува неверојатната големина на поплавата. Пред поплавите во раните утрински часови на 15 јули, Алтенахр беше идиличен град покрај река.

 

Понатаму покрај реката Ахр, градот Дернау исто така беше потопен.

Пред поплавите, Дернау беше најпознат по својот мирен амбиент сместен во подножјето на стрмни лозја.

Бад Минстерејфел, град во регионот Ајфел југозападно од Келн, исто така беше опустошен од поплавите.

Високите води сега ги преплавија старите згради и ги распукаа градските улици.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!