Шокантни фотографии од сушата по течението на Амазон, најполноводната река во светот
Ако ова не е доволен аларм да сфатиме дека глобалното затоплување навистина се случува, тогаш ни нема спас.
Нивото на водата на реката Амазон е на најниското ниво по течението низ Бразил поради сушата што веќе ги зафати сите 62 општини кои ја сочинуваат државата Амазонас. Веќе две недели просечното ниво на реката опаѓа за 25 сантиметри дневно, со исклучок на последните неколку дена кога опаѓа за по 10 сантиметри дневно.
Во Манаус, регионалниот главен град и најголемата метрополитенска област на Амазон, нивото на водата на речното пристаниште достигна длабочина од 16,6 метри, што е најниско ниво од сушата во 2010 година, кога достигна 13,6 метри, според Капетанијата на пристаништата.
Сепак, прогнозата е поволна бидејќи во ноември започнува најголемата сезона на дождови во регионот.

























Коментирај анонимно