Шокантниот број на илегални мигранти депортирани од Трамп во првите 100 дена

Администрацијата на Доналд Трамп депортирала неверојатни 65.682 илегални мигранти во првите 100 дена од преземањето на функцијата, открива функционер од Одделот за внатрешна безбедност. Тоа е речиси целиот број од 66.463 лица кои биле уапсени во истиот период. Само 5% од нив имале кривични пријави или пресуди, но меѓу нив имало и лица обвинети за убиства, сексуални престапи и членство во банди.

 

Шокантниот број на илегални мигранти депортирани од Трамп во првите 100 дена 

Изгон на сомнители за имиграциони и брачни измамници

USCIS (Службата за државјанство и имиграција) соопшти дека 7.120 мигранти биле инволвирани во измами со социјални бенефиции, вклучувајќи лажни бракови. Агенцијата прегледала повеќе од 3.500 социјални мрежи во рамки на процесот на скрининг. Портпаролот Метју Трагерсер изјави дека администрацијата на Трамп го запрела „катастрофалниот хуманитарен пристап од времето на Бајден“ и почнала строга проверка на секој мигрант во САД.

Изгон на сомнители за имиграциони и брачни измамници

Се пофали со најниско ниво на илегални влезови во последните 15 години

Според секретарката за внатрешна безбедност Кристи Ноем, заедно со пограничниот координатор Том Хоман, се уапсени над 20.000 илегални мигранти кои биле во бегство. Таа на платформата X се пофали дека ова е зголемување од 627% во месечни апсења споредено со времето на Бајден. Граничните инциденти паднале од 15.000 на ден под Бајден, на само 200 под Трамп, што е рекордно ниско ниво во последниве 15 години.

 

ж

Незадоволство со тарифите, но поддршка за границата

И покрај имиграцискиот успех, нова анкета покажува пад на одобрувањето на Трамп – 55% негативен рејтинг. Главна причина за незадоволството биле економските потези со тарифите, додека границата била посочена како најголем успех. Истражувањето го спроведе J.L. Partners врз 1.006 регистрирани гласачи во периодот од 23 до 28 април.

Незадоволство со тарифите, но поддршка за границата

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *