Шокантно сведоштво на единствениот преживеан во несреќата на Air India: „Стјуардесите умираа пред мои очи. Удривме во зградата со полна брзина. Мислев дека е крајот“

Британецот Вишваш Кумар Рамеш (40), кој живее во Лондон со своето семејство, е единствениот преживеан од катастрофалната несреќа на авионот на „Air India“, во која загинаа 241 патник и член на екипажот. Несреќата се случила непосредно по полетувањето од Ахмедабад, кога авионот се урнал врз зграда и се распаднал.

 

Шокантно сведоштво на единствениот преживеан во несреќата на Air India: „Стјуардесите умираа пред мои очи. Удривме во зградата со полна брзина. Мислев дека е крајот“

„Ги видов како умираат пред мои очи“

Рамеш, кој е хоспитализиран со бројни повреди, сведочи дека по ударот, веднаш ја откопчал сигурносната лента и успеал да излезе низ скршената врата до неговото седиште 11A, кое се наоѓало до итниот излез.
„Стјуардесите буквално умираа пред мене. Авионот само одеднаш падна и се распадна. Мислев дека ќе умрам. Се се случи за секунда,“ изјави тој за индиската национална телевизија.

„Ги видов како умираат пред мои очи“

„Се удривме во зграда. Само скокнав.“

„Мојата страна на авионот заврши во приземјето на зградата. Вратата се откорна при ударот. Имаше простор и јас само скокнав. Не знам како преживеав,“ додаде Рамеш.
Тој успеал да излезе и да побегне, иако бил повреден, а неговата рака била изгорена од пожарот што избувнал веднаш по ударот.
„Кога станав, се’ околу мене беа тела. Имаше делови од авион насекаде. Не знаев каде сум. Некој ме фати и ме стави во брза помош,“ вели Рамеш.
Неговиот брат, кој бил на истиот лет, се води како загинат.

„Се удривме во зграда. Само скокнав.“

Реакција на властите

Индискиот премиер Нарендра Моди го посети преживеаниот во болница, како и местото на несреќата. Тој изрази длабоко сочувство до сите настрадани и нивните семејства.
„Оваа трагедија е незамисливо болна. Загубата на толку животи во еден миг е неподнослива. Болката на семејствата е и наша болка,“ објави Моди.

Реакција на властите

Истрагата започна, САД испраќаат тим

Владата на Индија ја започна официјалната истрага. Американските институции, меѓу кои NTSB, FAA, Boeing и General Electric, најавија испраќање експерти за поддршка.
Црните кутии сè уште не се пронајдени. Голем дел од телата се целосно изгорени, а лекарите вршат ДНК идентификација.
Авионот се урнал врз станбена зграда во која биле сместени студенти по медицина. Многу од нив загинале на самото место.

Истрагата започна, САД испраќаат тим

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *