Сон на секој келнер: Во ресторан во Јапонија е дозволено келнерите да им „врзат шамар“ на гостите… и притоа да бидат платени за тоа
Ресторан во Јапонија сака на гостите да им влепува шамари буквално…
Посетителите на ресторанот наречен Шачихоко-ја во Нагоја, Јапонија, им плаќаат на келнерките за да им удираат шлаканица во лице.
За цена од 300 јапонски јени (околу 2 долари), жените кои носат кимоно, со камено лице ги плескаат образите на желните клиенти одново и одново – а некои дури и даваат шамари со бекхенд.
Келнерките понекогаш толку силно ги удираат гостите што ги поместуваат од нивните седишта. Шачихоко-ја првпат беше отворен во 2012 година, но беше во опасност да се затвори, кога беше воведен овој откачен обичај.
Откако персоналот започнал со овој трик, бизнисот почнал да напредува – па дури и станал толку популарен што требало да се вработат повеќе женски келнерки за да се задоволи побарувачката.
Има само еден услов: келнерите мора да бидат женски.
Коментирај анонимно