Соништата на оваа девојка се толку чудни што одлучила да направи илустрации од нив
Секој сонува. Соништата се различни и можат да бидат многу чудни, секако доколку се сеќаваме на нив кога ќе се разбудиме. Но, што ако се толку чудни што можат да станат одлични илустрации? Анита Мјурванг од дете има необични и по малку комични соништа.
„Имав апсолутно ментални соништа секоја вечер од кога бев дете, до тој степен што се претвори во сериозно нарушување на спиењето како возрасна личност. Одлучив да направам нешто позитивно од тоа и започнав да цртам визуелен дневник за соништата. Моите соништа се во основа бесконечен извор на идеи за цртање, а сега поминав од ‘ох Боже што ќе се случи вечерва во ох Боже што ќе нацртам утре’“, вели Анита.