Сопруг и сопруга кои се во брак 60 години си ја рекреираа венчавката

Постар пар кој е во брак 60 години ги пресоздаде своите свадбени фотографии за да ја одбележи својата годишнина. Марвин и Лусил Стоун се венчале во мала лутеранска црква во Стерлинг, Небраска, во 1960 година и направиле фотосесија на отворено поле во Небраска за да ја прослават нивната 60-годишнина.

Фотографката Кејти Атри, вели дека оваа фотосесија е една од нејзините омилени, поради енергијата која ја имале овие заљубени. Додавајќи ја романтиката на сето тоа, Марвин (88) и Лусил (81) ја носеле првобитната облека која ја носеле пред 60 години. Импресивно, Лусил всушност го изработила сопствениот фустан.

Кејти исто така го прашала парот за совети за долготраен брак, на што тие одговориле: „Работете напорно, бидете добри еден кон други, размислете пред да зборувате, потпирајте се на силните страни за да ја надминете својата слабост и да останете цврсти во вашата вера.