Сопруг на годината: Човек дизајнирал специјална инвалидска количка за да може да ја носи сопругата на авантури

Жените се топат кога маж ќе им подари цвеќе, накит или слатки, но вистинската љубов се познава кога ќе добиете подарок кој ви менува многу во животот. Инженер измислил теренска „Не-инвалидска количка“ за неговата сопруга да и даде повеќе слобода од кога и да било порано.

Зак Нелсон, попознат како JerryRigEverything, е познат по тестирање на издржливоста на паметните телефони, гледање беспилотни летала и правење на други кул, откачени работи. Неговата сопруга Камбри Кејлор е негов партнер во видеата.

Во 2005 година таа доживеала повреда од пад од коњ и останала парализирана од половината надолу. Со помош на Зак, нејзината повреда не ја задржува во никој случај. Во 2018 година, една година пред да се венчаат на Зак му дошла идеја да состави два електрични велосипеди и да стави седиште во средината. Кога сфатиле колку е удобно и ефикасно, напорно работел на „The Rig“, електричен, адаптивен теренец.

„Најтешкиот предизвик кога се развива инвалидска количка е цената. Сакавме да создадеме нешто што е достапно за секого. Да се најде квалитетни компоненти и доволно едноставен дизајн по најевтина цена, требаше доста време. Но, мислам дека сега имаме нешто во кое секој ќе може да ужива, со мал дел од цената на другите „теренски инвалидски колички“ што моментално се на пазарот.“, вели Зак.

За време на пишувањето, единечна инвалидска количка со една батерија чини 4750 американски долари (за дополнителна батерија, можете да платите дополнителни 700 УСД). Тие се достапни во различни бои: црна, бела, црвена, зелена, розова, сина и темно зелена.