Сопруг на медицинска сестра одлучи да ја потроши својата заштеда на хуман гест
Ален Маршал заштедил 900 долари и имал намера да ги потроши за алати. Сепак откако изби пандемијата тој реши своите средства да ги искористи во за него „покорисни цели“.
Тој отишол на бензинска станица и земал знак со себе на кој што пишувало дека ќе им го плаќа горивото на медицинските работници. Бензинската станица Ексон е во близина на Медицинскиот центар Детроит.
Сопругата на Ален работи како медицинска сестра па затоа тој од прва рака ја гледа жртвата од страна на медицинските работници во оваа ситуација. Ален купил гориво за од 50-80 лица во текот на два дена.
„Со сето она што се случува со коронавирусот, сакав да им се заблагодарам на основните работници на најдобар можен начин. Навистина не ми треба таа алатка и мислев дека ова е подобар начин да ги потрошам парите.“, вели Ален. Мајката на Ален има 97 години и тој не може да ја види поради коронавирусот во домот за стари лица, но вели дека благодарение на медицинските сестри верува дека таа е во добри раце.