Сопруг од Тајланд случајно ја заборавил сопругата сред ноќ на патот и продолжил да вози уште 160 километри додека да сфати – а таа без телефон и пари пешачела 20 километри за помош
Бунтом Шајмун (55) и Амнуај Чајмун (49) тргнале на Божиќ да возат во текот на ноќта до нејзиниот роден град во провинцијата Маха Сарахам. Но, возачот морал да застане за да уринира ноќе и го запрел автомобилот на страната на патот. Откако излегол од автомобилот, Амнуај решила дека и таа може да се олесни. Но, кога се вратила на патот, автомобилот никаде го немало и останала сама во темницата.

Сопругата немала пари и телефон, па решила да оди пеш со надеж дека ќе најде помош. На крајот, откако изодела по улицата 20 километри во центарот на Кабин Бури, таа нашла полициска станица околу 5 часот наутро. Таа ја замолила полицијата да ѝ помогне да го најде сопругот, но не го знаела неговиот број на памет и тие не можеле да го лоцираат.
Полицијата ѕвонела на телефонот на жената повеќе од 20 пати, но Бунтом не го слушнал телефонот возејќи си блажено, несвесен за паниката што ја предизвикал. Во моментот кога возачот ја сфатил својата грешка, тој бил на 160 километри оддалечен од својата сопруга и морал да се сврти назад за да ја собере.
Тој цело време верувал дека таа спие на задното седиште. Двојката е во брак 27 години и имаат 26-годишен син. После ова прашањето за бракот сигурно ќе биде отворено.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно