Сопруг одлучи да ја изненади сопругата која останала во карантин во болница поради рак на дојката

Откако Кели за прв пат ја добила дијагнозата дека има рак на деојка, нејзиниот сопруг Алберт Конер ѝ станал најголемата поддршка и секогаш ја придружувал за време на нејзината хемотерапија.

Но, поради настанатата пандемија, како и многу болници во светот, така и болницата Андерсон во Тексас, привремено забранила посетители со цел да ги заштити своите кревки пациенти и вработените од коронавирусот.

Кели примила добри вести дека на нејзината хемотерапија е дојден крај. Таа ѝ нејзиниот сопруг планирале да прослават кога ќе дојде моментот за последната хемотерапија, но поради околностите Кели знаела дека тоа нема да се случи. Сепак Алберт успеал да пронајде начин како и покрај сѐ да ја подржи својата сака во еден ваков важен момент.

Алберт се паркирал пред болницата, поточно пд собата на Кели и направил знак на кој пишува: „„Не можам да бидам со тебе, но јас сум тука и те сакам.“. Тој исто така со помош на знакот му се заблагодарува на медицинскиот персонал.

Сопругот се надева дека Кели наскоро ќе заѕвони на болничкото ѕвонче за крај на борбата со ракот, а тој вели доколку не може таа тој ќе го направи тоа за неа надвор пред болницата. Алберт повеќе и не оди на работа со цел да го заштити своето семејство и сопругата во случај да треба да биде наскоро пуштена од болницата.