Сопруг споделува што е навистина „се*си“ кога си во брак

До овој момент, сосема е јасно дека модата, медиумите, инфлуенсерите и голем број други играчи во индустријата поставуваат одредени стандарди за убавина и сексапилност. Но, убавината е во окото на набудувачот, зарем не? Кој ќе каже што е секси, а што не ако не ние самите, нели?

Ќе ве запознаеме еден човек кој отстапи од „традиционалното“ чувство на сексапилност и ги сврте погледите на сите кон она што е навистина секси објавувајќи неколку селфиња на неговиот Фејсбук.

Запознајте го Кори Петерс, татко од Рехобет, Алабама, кој одлучи да го сподели својот увид за тоа што значи „секси“ кога сте семеен човек.

Не, не станува збор за впечатливи секси пози на слики со фенси филтри на Инстаграм на егзотични локации со дете во раце. Тоа е всушност едноставно како чистење на куќата и покажување позитивен пример како сопруг кој помага низ куќата, како и татко кој покажува како треба да изгледа чист и уреден дом. Кога ќе размислите ова носи сосема ново значење на фразата „Зборувај ми валкани работи“.

„Откако сум со жена ми 7 години ви ветувам дека нема ништо посекси од тоа да пратиш вакви фотографии. Ако вие момци мислите дека врската ви станува досадна испратете неколку вакви и ви ветувам дека ќе скокне врз вас кога ќе се врати дома.“, напишал Кори.

Очигледно „најголемите виновници“ за хаосот се нивната прекрасна ќерка и нејзиниот соучесник кучето, но на Кори не му пречи да го среди тој неред и секојдневните обврски како миење садови, бришење прашина и слично.