Сопруга од Украина решила на многу ефективен начин да му стави крај на изневерувањето на нејзиниот сопруг
Еден сопруг морал да побара лекарска помош, откако неговата сопруга му ставила метална навртка околу неговиот полов орган.
Неименуваната жртва во 40-тите години наутро се разбудила од болка и видел како неговиот полов орган е „задушен“ и отечен.
Тој се обидел сам да ја извади навртката, но откако не успеал повикал брза помош и бил хоспитализиран во градот Запорижија, на југот од Украина. Откако го прегледале човекот, лекарите повикале екипа на спасувачите „Кобра“ затоа што ги немале потребните алатки за да ја отстранат навртката за „верност“.
Спасувачите морале да користат електрична пила за да ја исечат навртката на две места пред да можат да ја отстранат. Напнатата операција била уште потешка затоа што уредот за сечење постојано произведува искри. Металната навртка, исто така, се загрева како резултат на триењето, што значи дека спасувачите биле принудени да го прскаат со вода за да се олади.
Сега човекот е на лекување во Градската болницаи лекарите велат дека наскоро целосно ќе се опорави. Според медицинските лица, органот ќе ја врати својата функционалност во целост.
Според извештаите, мажот бил казнет од неговата сопруга, откако дознала дека ја изневерувал. Лутата жена ја навртела металната навртка на пенисот на нејзиниот неверен сопруг ноќе додека бил во длабок сон во нивниот кревет.