Сопругата ѝ остави „роба од втора рака“ на љубовницата на нејзиниот сопруг, која ѝ била „најдобра пријателка“
Карен Динеин, од Есекс, била разбирливо и повеќе од бесна кога дознала дека нејзиниот сопруг Тери Ловел (53) ја изневерувал со пријателката Керол Мичел, со која таа се дружи веќе цели 25 години.
Двојката била во брак 19 години и се дружела со наставничката по уметност Керол и нејзиниот тогашен сопруг долго пред да започне аферата, па дури и децата на Карен и Керол биле пријатели.
Карен тврди дека се сомневала дека постои афера со месеци и тоа го потврдила откако ги прочитала тајните пораки помеѓу Керол и сопругот Тери. „Знаев дека нешто се случува на крајот на 2014 година. Тој беше градежник и ќе се врати дома од работа, ќе се пресоблече и ќе излезе велејќи дека треба да рзгледа нешто за нова работа. Порано едноставно ми се јавуваше дека ќе оди и одеше во облеката која ја носи на работа. Почна да се враќа дома да се пресоблекува, да се тушира, да се средува и потоа да вели дека ќе разгледува за работа.“
Карен веднаш знаела дека Тери има афера, но не знаела која е другата жена. Откако успеала да му ја дознае лозинката од телефонот ги прочитала жешките љубовни пораки помеѓу Тери и нејзината долгогодишна пријателка Керол. Кутрата Карен се почувствувала предадено од две страни и веднаш се соочила со нејзиниот сопруг и побарала развод.
Сега по скоро 5 години ја расчистувала куќата и ја пронашла својата стара венчаница. Тогаш на ум ѝ дошла една идеја. Да ѝ ја однесе венчаницата на нејзината „пријателка“ затоа што таа сака работи од „втора рака“.
Таа ѝ напишала на лист хартија: „Еј Керол, знам дека сакаш роба од втора рака, затоа мислев дека можеби ти се допаѓа фустанот што го носев кога се омажив за твоето момче. Со љубов Карен.“
Изневерената мајка на две деца вели дека откако се развела си посвоила чивава и дека кучето дефинитивно е многу поверно од нејзиниот сопруг. Таа смета дека ѝ вратила со иста мерка на својата пријателка откако ја оставила венчаницата на пред нејзината врата и си заминала, затоа што и таа треба да биде свесна дека доколку некој изневерил еднаш ќе изневери пак.