Сопругата на астронаут од Аполо 14 открива: „НЛО средбите што го убедија дека не сме сами“

Ако постои некој што може да даде кредибилна изјава за постоењето на НЛО, тоа се астронаутите. Во ексклузивно интервју за Daily Mail, сопругата на астронаутот Едгар Мичел ги откри тајните што ѝ ги доверил пред да почине.

Анитa Мичел, која беше во брак со него од 1973 до 1984 година, вели: „Тој секогаш веруваше дека има НЛО, бидејќи многу пилоти и астронаути виделе нешто“.

Според неа, и други астронаути како Џејмс МекДивит и Лирој Гордон Купер пријавиле чудни објекти за време на нивните мисии.

 

Сопругата на астронаут од Аполо 14 открива: НЛО средбите што го убедија дека не сме сами

Сведоштвата на пилотите

Анитa се присетува на вечерата со астронаутот Гордон Купер, кој ѝ кажал: „Слушајте, ние немаме ништо што лета толку брзо и толку високо.“

Купер, кој летал во програмите Меркур и Џемини, имал илјадници часови искуство со млазни авиони. Но, дури и со тоа знаење, видел објект што американските пилоти „не можеле да го фатат“.

 

Тајните на Едгар Мичел

Како дел од мисијата Аполо 14, Едгар Мичел беше шестиот човек што зачекори на Месечината. До крајот на животот (почина во 2016 година), тој бараше од американската влада да ја открие вистината за НЛО.

Во 2009 година, јавно изјави дека постојат докази за вонземски живот и дека владата ги сокрива. „Постои нешто таму што е технолошки напредно, надвор од она што ние го знаеме“, тврделе астронаутите што ги запознала Анитa.

Таа денеска ја споделува истата верба како својот поранешен сопруг: „Навистина ли мислите дека сме единствените интелигентни битија во универзумот? Ако е така, тогаш универзумот има проблем.“

 

Фасцинацијата со паранормалното

По НАСА, Мичел го основал Институтот за ноетички науки за да истражува паранормални појави.
Тој правел експерименти со екстрасензорна перцепција (ESP) и дури пробувал да витка метал со мислите.

 

Фасцинацијата со паранормалното

Средбата со Вернер фон Браун

Во тој период, Анитa го запознала Вернер фон Браун – инженерот што ја создаде ракетната технологија на САД и ја предводеше мисијата до Месечината.

Таа вели дека денешниот ентузијазам за вселенските мисии ја потсетува на „златната ера“ на НАСА: „Чувството е исто како во времето на Аполо, само уште поголемо. Живееме во возбудлив период!“

 

Средбата со Вернер фон Браун

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *