Сопругата на Честер Бенингтон ѝ даде 50% од авторските права на неговата поранешна сопруга
Вдовицата на Честер Бенингтон, поранешен фронтмен на Ликин Парк, од љубезност ѝ даде на поранешната сопруга на Честер 50% од авторските права на починатиот пејач.
Талинда Бенингтон, која имаше три деца со Честер и е извршител на неговиот имот, се согласи да и даде на неговата поранешна сопруга Саманта половина од авторските права.
Според извештаите, извршителот поднел правни документи до судскиот совет, во кој се вели дека ќе дозволи Саманта да добие половина. Побарувањата вклучуваат дел од стоките што не биле наменети на турнеја, права за објавување и дел од главните записи, но не не се спомнува дали има и поддршка за децата.
Саманта се омажила за ЧЕстер во 1996 година, а се развеле во 2005 година. Потоа, тој се ожени со Талинда истата година и остана со неа до неговата смрт. После самоубиството, тој остави зад себе шест деца: Џејми, Исаија, Дравен, Лила, Тајлер Ли и Лили.
Според претходниот извештај, Честер оставил пари на своите деца со надеж дека сите 6 ќе останат блиски. Сега, поранешната сопруга на Честер, Саманта ќе прима 50% од авторските права на починатиот пејач.
Во тестаментот на Честер пишувало: „Барам мајките или старателите на моите деца да ги охрабрат и да им овозможат на моите деца редовно и постојано да се посетуваат едни со други и со моето пошироко семејство и поширокото семејство на мојот сопружник, така што моите деца да знаат дека имаат големо и топло семејство.“
Пред неговата смрт, Честер и Талинда започнаа кампања наречена 320 промени во насока, која се фокусира на помагање на лицата со проблеми со менталното здравје и на нивните пријатели и семејство.