„Сопругата на сопственикот на теретаната во којашто вежбам, се пожали на мојата облека и морав да си одам. Дали беше премногу „откривачка“ мојата облека проценете вие самите…“
Една жена сподели дека ја избркале од теретана, откако сопругата на сопственикот тврдела дека облеката што ја носи била премногу откривачка.
Еми Ромеро, која е во петтиот месец од бременоста, тврдеше дека знаела за политиката за вежбање во теретана која ги спречува жените да вежбаат само со нивните спортски градници – но истакна дека нејзината облека не го прекршила правилото.

Сепак, облеката навидум се покажала премногу за сопругата на сопственикот на теретана.
Во видеото на „TikTok“ снимено во нејзиниот автомобил надвор од фитнес-центарот, Еми вели дека забележала како сопругата на сопственикот „зјапа“ во неа додека таа вежбала, пред да и пријдат и да и кажат да се покрие.
Г-ѓа Ромеро рече дека му објаснила на сопственикот дека не носи спортски градник. Тој одговорил: „Не, види се согласувам со тебе, но жена ми, навистина е тешко да се направи разлика помеѓу тоа што е спортски градник… така што ќе мора или да заминеш или да облечеш маичка“.
Идната мајка рече дека се чувствува „засрамено“ од ситуацијата, тврдејќи дека имало други жени кои вежбаат во „супер ситни“ градници околу неа.
На крајот разговорот завршил со сопственикот на теретана кој изјавил дека неговиот објект не е најдоброто место за членство на г-ѓа Ромеро.

Таа се согласила, изјавувајќи: „Во секој случај не сакам да вежбам на место кадешто се чувствувам вака“.
Г-ѓа Ромеро, која рече дека целото искуство ја оставило „шокирана“, исто така сподели видео од нејзината облека откако се вратила дома. Во клипот, идната мајка носи црни панталони и кафеав горен дел.
Видеото брзо привлече стотици коментари откако стана вирално, при што многумина ја критикуваа салата поради строг кодекс на облекување за жените.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно