Сопругата побарала да се помилува неверниот сопруг, но свекорот не бил толку милостив и ја барал смртната казна

Врховниот суд на Иран во главниот град Техеран ги потврди смртните казни за 27-годишник и неговата 33-годишна љубовница.

Сопругата на мажот, која на полицијата и доставила видео докази за неверството на нејзиниот сопруг на почетокот на оваа година, побарала од судовите двајцата да ги поштедат од смртна казна.

Сепак, нејзиниот татко барал да се изрече смртната казна и судот пресудил во негова корист.

Иранскиот закон вели дека ако семејството му прости на обвинетиот за кривично дело, осудениот може или да биде помилуван или да му се изрече затворска казна.

Според толкувањето на исламскиот шеријатски закон кој е на сила од револуцијата во Иран во 1979 година, прељубата се казнува со каменување.

Сепак, Техеран го промени законот во 2013 година за да им дозволи на судиите да наредат алтернативен начин на казнување како со бесење.

Не е јасно каква форма на казна наредил судот во овој случај.

Според организацијата за човекови права Амнести интернешенел, Иран извршил 246 егзекуции минатата година, само една во јавност.