Сопругата си најде начин како да го шпиунира сопругот таксист, па го земала и синот

Најчестите методи за да фатите некој како изневерува е да им го проверите телефонот, социјалните мрежи или да ги следите до работа, но оваа жена направи еден чекор повеќе.

Љубоморна сопруга се сокрила во багажникот на Убер таксито на нејзиниот сопруг, заедно со нивниот мал син, за да го шпиунира за време на ноќната смена.

Неименуваната жена била фатена, според Крис Астудило, кој се возел како сопатник, кога возачот на Убер слушнал чуден шум што доаѓал од багажникот. Крис направил фотографии од жената и детето и ја споделил приказната со светот: „Замислете дека патувате во автомобил „Убер“ и тогаш откривате дека сопругата на возачот се крие во багажникот за да го шпионира!“

Возачот на Убер, кој во тоа време патувал низ централниот мексикански главен град Мексико Сити ја извадил жената од багажникот и таа почнала да плаче откако била фатена, а потоа скокнала на предното седиште.