Сопругот ја изневерил па таа решила да се одмазди со работите кои му се „највредни“
Соња Бартон од Белпер во Дербишир сакала да внесе малку боја и музика во својата кујна. Така таа смисли совршен начин како да „убие две муви со еден удар“.
47-годишната мајка на три деца реши да си ја реновира кујната така што за подот ќе ги искористи ретките плочи на сега нејзиниот поранешен сопруг.
Таа знае дека тој си ја обожава својата колекција, но смета дека ова е „фер“ начин да му врати за неговото изневерување. Таа потроши околу 3.000 евра за обнова на нејзината кујна, трансформирајќи ја во шарена – и малку одмаздувачка- кулинарска приказна.
„Ме забавува, ме тера да се смеам секој пат кога ќе прошетам во кујната и ќе ги видам.“, вели Соња. Таа освен што е презадоволна со нејзината нова кујна која ја правела цела година, вели дека е задоволна и со својот нов живот.