Сопругот кој ја изгубил битката со ракот, успеа да ѝ испрати на сопругата последен подарок за Валентин

Ренди Тени од Аризона, САД, почина минатиот декември, по битката со со глиобластом (ретка форма на карцином на мозокот) и знаејќи дека најверојатно нема да живее до Денот на вљубените, се увери дека неговата сопруга Деби сепак ќе добие цвеќе на 14 февруари.

Моментот во кој Деби го доби посебниот, последен букет од Ренди беше фатен на камера и секако емоциите се премногу силни за да се игнорираат.

Доколку видеото не ве расплаче тогаш сигурно пораката која ѝ ја оставил Ренди, кој почина на 65-годишна возраст, ќе го направи тоа. Во неа пишува: „Розите се црвени, Темјанушки се сини, врескам од рајот дека засекогаш ќе те сакам. Со љубов од твојот вечен Валентин, Р.Т.“

Тие биле во брак од 1974 година и се знаеле уште од деца. Деби ги сподели видеото и фотографиите на Фејсбук, велејќи дека таа „не можеше да помисли на нешто послатко“ и изрази колку многу ѝ недостасува нејзиниот покоен сопруг.

Како и неговата сопруга, Ренди го надживеале неговите осум деца, 33 внуци и шест правнуци. Очигледно, Ренди ја договорил испораката „директно од рајот“ со помош на семеен пријател кој има цвеќарница.