Сопругот на копилотката, која леташе со авионот осуден на пропаст во Непал, исто така бил пилот и загинал во авионска несреќа пред 17 години
Копилотката на паднатиот непалски авион, Ању Кативада, го загубила и сопругот во авионската несреќа што се случила во 2006 година.
Ању Кативада (44), која е меѓу 72-те лица за кои се стравуваше дека е мртва отишла по стапките на нејзиниот сопруг Дипак Покрел, приклучувајќи се на непалската „Јети ерлајнс“ во 2010 година. Кативада ги платила часовите по летање со исплатата за осигурување што ја добила по смртта на Покрел.

„Нејзиниот сопруг, Дипак Покрел, загина во 2006 година во пад на авионот Твин Отер на Јети ерлајнс во Џумла“, изјави портпаролот на авиокомпанијата Сударшан Бартаула за Ројтерс, повикувајќи се на Хативада. „Таа ја доби обуката за пилоти со парите што ги доби од осигурувањето по смртта на нејзиниот сопруг“.
И сега, 17 години по смртта на нејзиниот сопруг, се стравува дека Кативада е мртва откако авионот на Јети ерлајнс со кој копилотираше падна во стрмна клисура, се искрши на парчиња и се запали додека се приближуваше до Похара во неделата наутро.


Најмалку 70 луѓе загинаа, но властите стравуваат дека сите 72 лица во авионот загинале во најголемата авионска катастрофа во Непал од 1992 година.



Останките на Кативада не се идентификувани, но се стравува дека таа е мртва, рече Бартаула.
„Таа секогаш беше подготвена да преземе каква било должност и леташе за Похара и претходно“, рече службеникот, кој побара да остане анонимен бидејќи не е овластен да зборува со медиумите.

Вчера беа извлечени уште две тела, со што бројот на загинати се искачи на 70, изјави Навин Ачарја, службеник во координативниот центар за спасување на аеродромот во Катманду. Потрагата по преостанатите две исчезнати лица беше прекината бидејќи се стемни и потрагата продолжува денеска.
Авионот, на редовен лет од Катманду до Похара, портата кон живописниот планински венец Анапурна, превезувал 57 Непалци, пет Индијци, четворица Руси, двајца Јужнокорејци и по едно лице од Аргентина, Ирска, Австралија и Франција.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно