Сопственичка ја документира неодоливата навика на нејзиното куче да ѝ носи подароци секој пат кога ќе си дојде дома

Кучињата честопати ја изразуваат својата безусловна љубов кон сопствениците со бакнежи и мрдање на опашот, но едно кученце има симпатична навика да носи подароци на својата сопственичка, секој пат кога таа ќе си дојде дома.

Седумгодишната Ксена е совршен пример за добро кученце бидејќи секогаш бара нов подарок за Кели Сетон. 31-годишната жена секогаш се изненадува што ново ќе ѝ подари Ксена кога ќе си дојде дома. Подароците не се скапи и најчесто се работи кои кучето ги наоѓа во дворот или домот, но за Кели тие имаат голема вредност. Погледнете ги неодоливите подароци: