Сопственичка на бар одлепила скоро 4.000 долари во банкноти од ѕидовите на локалот, за да им ги даде на своите вработени

Скоро насекаде во светот угостителските објекти не работат, па таква е ситуацијата и во Џорџија, САД. Особено е тешко за малите места каде што работодавците не се во можност да ги исплатат своите вработени.

Сепак сопственичката на барот „The Sand Bar“ не сакала да биде еден од тие сопственици и одлучила на било каков начин да обезбеди пари за вработените.

Барот на Џенифер Нокс бил целосно излепен со банкноти. Но, иако ова до сега бил интересен ентериер, Џенифер одлучила да ги одлепи сите пари од ѕидовите и истите да им ги даде на вработените. Банкнотите веќе 15 години биле дел од изгледот на барот.

„Погледнавме наоколу и помисливме: ‘Имаме пари на ѕидовите и време во рацете’ и едноставно почувствувавме потреба да ги симнеме парите и да ги дадеме на оние на кои им се најпотребни.“, вели Џенифер.

Џенифер и 5 волонтери ги симнувале парите и откако завршиле со работата пребројале 3.714 долари. Џенифер одлучила да ги подели парите помеѓу 4-цата бармени и двајца музичари кои настапувале во барот, а сега се без работа.