Сопственичка на дом е збунета од ужасното откритие под подот: „Имате ли идеја што е ова?“

Сопственичка на куќа ги остави корисниците на интернет ужаснати и збунети откако сподели фотографии од несекојдневна црна фигура која „демне“ под даските на домот на нејзината пријателка.

 

 

 

Според „Yahoo News“, жената, по име Хана Сајкамор, дознала за ова, кога чистеле и ги извадиле даските од подот. Надевајќи се дека ќе го разоткрие морничавата недоумица таа ги поставила сликите на „Фејсбук“ со прашањето: „Идеи што е ова?“ Коментаторите на „Фејсбук“ имаа неколку теории за идентитетот на габичната слика.

Изгледот на ова повеќето луѓе ги потсети на хит серијата на „Нетфликс“ „Stranger Things“. Некои се пошегуваа дека тоа е вонземјанскиот симбиот „Веном“ од филмовите на „Марвел“.

Во меѓувреме, некои љубители на микологија рекоа дека изливот може да биде или мувла, корени од дрвја или подмолна габа која е поврзана со голем број здравствени проблеми, вклучувајќи проблеми со дишењето и деменција.

„Веројатно тоа е нешто што треба да повикате конструктурен инженер да го разгледа“, заклучи Лаброк.

Дури и професионалните миколози беа вчудоневидени од габите.

 

 

„Без да ја испитам габата лично (гледајќи ја микроскопски и барајќи други описи во структурата) не можам да бидам 100% сигурна“, рече д-р Патриша Кајшијан, куратор за микологија во Државниот музеј на Њујорк во Олбани.

„Но, ова изгледа како мицелиумот на „влажното гниење“ на габа наречена „Coniophora puteana“, понекогаш наречена и „гнијач на визбата“ или „келершвам“ на германски.

Таа додаде: „Ова би била моја претпоставка, сама од овие фотографии“.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *