Сопственичка го збуни Интернетот откако нејзиното куче направи трик вреден за егзорцизам

Да ги научите кучињата да прават трикови може да биде прилично тешко, но еден сопственик во Нов Зеланд успеа да го научи својот фински Шпиц откачен трик. Додека многумина само се обидуваат да ги научат своите кучиња да не уринираат по дома, Ешли Мекферсон го научи своето куче Кико како да ја сврти својата глава за 180 степени. Резултатот е сличен на опседнатата девојка во „Егзорцист“ и трикот прави да изгледа како правилата на биологијата да се занемаруваат. Како и да е, Ешли е прилично горда на својот фински Шпиц.

Изгледа дека на малиот палавко трикот му е прилично лесен и реагира на него кога ќе му се даде наредбата „демон“. Резултатот е неколку интересни фотографии и многу збунети луѓе кои не можат да сфатат како кучето ја прави финтата.

Ешли објасни како открила дека кучето може да го направи единствениот потег и зошто тоа постојано го правела: „Отсекогаш го правеше тоа уште кога беше мало кутре. Отпрвин, таа започна да го прави тоа додека спиеше. Не размислував премногу за тоа, бидејќи кучињата сакаат да спијат во чудни позиции, но таа почна да го прави тоа за да гледа во други кучиња. Наместо да ја сврти главата како „нормално“ куче, таа ќе го свитка вратот наназад. Можеби таа обожава да го гледа светот наопаку. Додека ја градевме нашата врска, таа почна да го прави тоа за да се задржи фокусот на мене.“, објаснува Ешли.

Додека вештината „демон“ може да биде малку морничава, се чини дека Кико е мило кученце. Единствената разлика е во тоа што има малку извртена глава.