Соседите му кажале дека новогодишното украсување му е „кич“ па таткото решил да се справи со проблемот
Татко од Сомерсет, Англија доби писмо дека украсите кои ги поставил во дворот се пренатрупани и кич. Сепак Били Морган решил соодветно да одговори на критиките. Тој наместо да се разочара поставил уште повеќе украси, затоа што „негов двор негово право“. Дури поставил и виленик од 2 метри.
38-годишниот човек првин потрошил 250 ева за да набави 3 проектори за да зрачат со пејсажи од годишното време на ѕидовите на неговата куќа, во Бриџвотер, Сомерсет, додека во неговата предна градина поставил снешко и Дедо Мраз на надувување.
Откако ги поставил украсите се изненадил кога нашол рачно напишано писмо пуштено низ неговата врата два дена подоцна, тврдејќи дека е од група вознемирени соседи.
Во писмото се вели:
„Јас и другите соседи со кои разговарав чувствуваме дека вашето приказ на Божиќ кој бара вниманиее премногу. Тоа е на работ на кич. Сè за Божиќниот дух, но ве молиме, намалете го. Благодарам, соседи.“
Но наместо да намали Били зголеми. Тој ја испринтал пораката на голем лист хартија и ја залепил на виленикот од 2 метри и потрошил уште 70 евра на додатни декорации. Тој дури и работел прекувремено за да може да си дозволи да купи уште украси. Неверојатно.
Били рече дека неговите деца сакаат да ги гледаат украсите кога ќе се вратат дома, наведувајќи: „Пишувањето и пуптањето порака преку мојата врата како е вистинска Скруџ работа воопшто не е во духот на Божиќ“.