Соседот има многу јака финта како да им избега на полицајците за време на полициски час

Реално сите очекуваме дека малку ќе „забегаме“ од овој карантин, но еден Британец веќе се надмина себе. Николас и Меделин од Британија не можеле да си поверуваат на очите кога погледнале од прозорецот и забележале „подвижна грмушка“.

Таа грмушка е соседот кој се камуфлирал за да ја избегне полицијата за време на полицискиот час. Малку не му текнало дека грмушка не треба да си носи и портокалова торба, но нема врска, очигледно мисијата му била успешна и се вратил дома. Запазете ја само таа „воена тактика“… сосема неприметно, нели?

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.