Соседот повика полиција затоа што слушнал жена како вреска „Пуштете ме!“, но не е сѐ како што звучи

Жителка на Флорида се вознемирила откако слушнала како жена вреска од домот на соседите. Таа веднаш повикала полиција откако женски глас почнал да вреска: „Помош, помогнете ми, пуштете ме!“ плашејќи се дека некоја личност ја држат против својата волја.

Но, откако полицијата пристигнала во домот на „киднаперот“ тој со задовоство се согласил да им ја покаже „жртвата“. Замислете го изненадувањето и олеснувањето на полицајците кога наместо да бидат сведоци на страшен чин неименуваниот сосед им донел папагал во повеќе бои по име Рамбо. Човекот си го научил папагалот да „тресе“ вакви глупости и кога го изнел малку на свеж воздух очигледно предизвикал паника кај соседите.

 

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.