Совети од татко кој згрижил и посвоил вкупно 36 деца- САМ!
Питер Мутабази згрижил и посвоил 36 деца во изминатите седум години – сам. Во моментов, тој се грижи за деца на возраст од две, три, седум, осум, десет, седумнаесет и деветнаесет години, од кои три се негови посвоени деца.
Неговата е несекојдневна приказна. Израснат во рурална Уганда, Мутабази побегнал од дома на 10-годишна возраст, станувајќи улично дете во главниот град Кампала, спиејќи под неподвижни возила, продавајќи кикирики на автобуска станица и преживувајќи од овошјето земено од штандовите на пазарот.
„Пораснав во најсиромашните услови на светот“, изјави Мутабази.

Пет години живеел на овој начин. Тој немал многу надеж за иднината додека, како тинејџер, еден човек по име Џејмс не се спријателил со него. Џејмс платил за Мутабази, кој тогаш имал 15 години, да посетува мало христијанско училиште. Таму, тој на крајот напредувал, понекогаш позајмувајќи ги книгите од побогатите деца во замена за извршување на нивните домашни задачи.
За време на една година помеѓу средното училиште и универзитетот, Мутабази станал хуманитарен работник, земајќи храна и лекови за децата кои живееле во бегалските кампови во Руанда по геноцидот од средината на 1990-тите. Потоа, по завршувањето на дипломите во Уганда, Обединетото Кралство и САД, тој станал менаџер во непрофитната организација „Compassion International“, која собирала пари за спонзорирање на деца во земјите во развој.
Соло згрижувачки татко
Дури кога имал 43 години, Мутабази станал згрижувачки татко. Неговиот татко бил груб, поради што тој го напуштил домот толку млад – па затоа и Мутабази се плашел дека ќе стане како неговиот татко. Тоа го напишал во своите мемоари „Сега сум познат: Како дете од улица се претвори во згрижувачки татко, најде прифатилиште и вистинска вредност“. Тој, исто така се сомневал дека како самец, црнец нема да му биде дозволено да згрижува деца.
„Никогаш не сум видел црнец кој посвојувал од Уганда или од Етиопија или од Кина. Тие секогаш се Кавкајци и во брак“.
Но, по разговорот со еден негов колега – бел Американец, кој со неговата сопруга згрижиле (и последователно посвоиле) бебе -повторно размислил за тие претпоставки.
Мутабази, кој сега има 49 години, живее во САД веќе 18 години. „Кога дојдов во Соединетите Држави, бев навистина шокиран кога видов колку е богата и колку развиена земја може да биде – но сепак имаше поделеност. Луѓето едноставно не знаеја што се случува со децата“, изјави тој за CNBC. Тој се обратил до агенција за згрижување во Оклахома Сити, каде што живеел, сугерирајќи дека може да биде ментор на деца изложени на ризик. Но, еден социјален работник прашал дали ќе размисли за згрижување и објаснил дека има право да го стори тоа како самец. За да добие одобрение како згрижувачки родител, Мутабази бил подложен на повеќе интервјуа и проверки.

Справување со гневот
Првото дете кое Мутабази го згрижувало било петгодишно момче кое понекогаш имало напади на паника. „Едно време, тој плачеше три часа без престан, а на крајот само рече: „Еј, тато можеш ли да ме држиш?“, изјави Мутабази.
Момчето останало кај Мутабази шест месеци пред да се пресели кај тетка му. „Дури и низ нападите, ова беше момче кое само сакаше да го држат и му благодарам на Бога што бев тука за него“, напишал тој во својата книга.
Зборови на потврда
Кога Мутабази живеел со Џејмс и неговото семејство како тинејџер, носел тетратка и ги запишувал позитивните работи што Џејмс му ги кажувал. „Џејмс ми рече дека сум храбар што успеав да ги поминам сите работи што сум ги издржал во животот. Всушност, тој многу пати ми го кажуваше тоа.
Мутабази продолжил да ги запишува овие „потврдни зборови“, и оваа тетратка станала водич за тоа како тој зборува со децата за коишто се грижи. „Ги запомнив зборовите: ти си избран, ти си важен, ти си посебен, доволнен си, ти си подарок, не си сам“.
Зборовите му помогнале да го израсне својот син Ентони, кој дошол кај Мутабази на 11 години, и кого оттогаш го посвоил.
Мали победи
Прославувањето на помалите достигнувања е еден од начините на кој Мутабази покажува љубов кон децата. „Доаѓам од најсиромашното место кое можете да го замислите и… ја надминав траумата на толку многу различни начини што не очекувам моето дете да го направи истото преку ноќ“, вели тој.

Справување со тинејџерите
Кога другите родители доаѓаат кај Мутабази со прашања за тоа како да се справат со тинејџерите, тој ги уверува дека повеќето луѓе се борат со децата на таа возраст. „Кога имаш 14 или 15-годишно дете… ако се ставиш себеси како ментор наместо како татко или мајка, тоа помага“, вели тој.
Обидете се да ја разберете вашата перспектива за вашето дете, додаде Мутабази. „Постои тинејџер кој е тинејџер, има хормони, има траума, има непочитување … кога го гледаш своето дете, погледни низ тие леќи и кажи си во себе: „со која имам работа?“

Коментирај анонимно