Совети со кои ќе ги надмудрите маркетинг триковите во супермаркетите

Одењето во супермаркет веројатно е дневна или неделна рутина за секого. За некои тоа е задоволство, додека за други може да биде досадна работа. Секој човек го доживува пазарењето на свој начин, а тоа зборува и за неговиот карактер и за начинот на живот. Дали знаевте дека зад тие полици кои се полни со храна, има стратешки умови кои се стремат да влијаат на вашите одлуки?

Ние собравме неколку мудри совети за пазарење што сакаме да ги споделиме со вас. Прочитајте до крај и ќе бидете подготвени да ги избегнете маркетинг стапиците.

Последните работи се најдобри.

Системот за складирање храна има правило кое трговците на мало треба да го следат: без разлика дали се работи за свежа, замрзната или пакувана храна, артиклите со пократок рок на употреба се ставаат напред, а оние со подолг рок се ставаат на задниот дел од полицата, каде е потешко да се видат. Ова е начин да се осигураат дека храната со најкраткиот рок на траење се продава прва.

Затоа, при изборот на млечни производи и друга свежа храна, најдобро е да посегнете по оние што се „скриени“ во вториот, третиот или четвртиот ред.

Замрзнатите производи често се најдобрата опција.

Постои општо прифатено верување дека свежите производи се секогаш поздрави од замрзнатите, но не е секогаш така. На пример,  овошјето, зеленчукот, житарките и други производи можеби поминале долг пат за да стигнат до полицата каде што се сега изложени, навидум свежи и здрави.

Често, храната се замрзнува кога е најсвежа. На пример, бобинките почнуваат да губат хранливи материи брзо откако ќе се оберат, така што замрзнувањето веднаш по бербата е најдобриот начин да се зачува нивна хранлива вредност. Откако ќе ја прочитаме етикетата и ќе се уверивме дека не содржат натриум, шеќер или хемикалии, можеме да бидеме сигурни дека јадеме храна богата со хранливи материи.

Не верувајте во она што го вели амбалажата.

Според законот, пијалоците и спакуваната храна во супермаркетот треба да ги откријат состојките што ги содржат. Како општо правило, тие се наведени по застапеност. Тоа значи дека најзастапената состојка ќе се појави прва на листата. Затоа, се препорачува да ги игнорираме тврдењата на предната страна од амбалажата и едноставно да ги провериме информациите на задната страна. Таму е вистината. Тврдењата како „намалени маснотии“, „без додаден шеќер“ итн., може да не` излажат.

Купувајте околу периметарот на продавницата.

Ако одите во продавница кога има гужва, ќе забележите дека луѓето најверојатно пазарат во центарот на продавницата. Тоа е всушност местото каде што секој го поминува поголемиот дел од своето време. Сепак, местото каде што треба да поминуваме повеќе време е околу периметарот на продавницата.

Периметарот е местото каде што се наоѓа најсвежата и најмалку преработената храна: овошје, зеленчук, месо, млечни производи и леб. Спротивно на тоа, повеќето од храната во средишниот дел е обработена.

Не е злато се` што сјае.

Зеленчукот што е сјаен, совршено симетрични и прецизно исечени можеби е привлечен за нас, но во овој случај, не треба да се занесуваме по изгледот. Фактот дека производите се прикажани на овој начин можеби се должи на тоа дека сакаат да ни го привлечат вниманието, но во суштина не се толку здрави и прородни. Напротив, свежите и повоквалитетни производи се оние кои обично имаат понеправилни форми и мали несовршености.

Погледнете надолу.

Местото каде што стои секој артикл не е по случајност. Зад секоја полица, постои маркетинг експерт кој го испланирал најдобриот начин да го привлече вниманието на некој производ. Главното правило: „нивото на очите е ниво на пазарење“. Ова значи дека производите поставени на ниво на очите најверојатно ќе се продаваат побрзо.

Ако погледнеме внимателно ќе забележиме дека најскапите опции се на тоа ниво, додека поевтините или помалку познатите брендови ќе бидат повисоко или пониско. Но запомнете, поскапото не значи секогаш и подобар квалитет.