Совети за читање од милионер: „Ова се 10-те деловни книги кои ми помогнаа да го развијам мојот бизнис во моите 20-ти“
„Кога имав 17 или 18 години, брат ми ми подари книга за роденден која ја ставив на полица, откако го прочитав првото поглавје. Таа книга беше „7 навики на високо ефективните луѓе“ од Стивен Р. Кови, која ја прочитав целосно во 2014 година. Бев шокиран колку беше важна за мене.
Пред оваа книга, книгата „Богат татко сиромав татко“ од Роберт Кијосаки ме натера да размислувам за важноста на создавањето на компанија што ќе функционира како машина за правење пари. Ова ми донесе идеја да започнам бизнис со автомати на 20 години.
Затоа решив денес да споделам 10 книги кои ми помогнаа да донесам правилни одлуки во развојот на мојот бизнис“:
„7 навики на високо ефективните луѓе“ – Стивен Р. Кови: Кови учи како да живееш според твоите вредности и како да ги разбереш и слушаш другите.
„Кој ми го зеде сирењето?“ – Спенсер Џонсон: Оваа книга ме научи дека промените се неизбежни и треба да бидеме подготвени за нив, а неносењето одлуки е полошо од лошите одлуки.
„Стратегија на синиот океан“ – В. Чан Ким, Рене Моборн: Авторите покажуваат како да создадеш нов пазарен простор, наместо да се натпреваруваш со конкурентите.
„Победа значи победа“ – Џек Велч: Велч ја истакнува важноста на ангажирање на најдобрите луѓе и постојан контакт со клиентите.
„The Ultimate Selling Machine“ – Чет Холмс: Холмс дава конкретни совети за управување со продажбата и зголемување на компанијата.
„Менаџерот за една минута“ – Кен Бланчард, Спенсер Џонсон: Книга која се чита за еден час и дава корисни совети за менаџмент и личен живот.
„Принципот 80/20 – Работи помалку, постигнувај повеќе“ – Ричард Кох: Кох објаснува како луѓето се фокусираат на ефективност, а не на перфекционизам.
„Првите работи прво“ на Стивен Р. Кови, Роџер А. Мерил и Ребека Р. Мерил го прошируваат концептот на ефикасно управување со времето. Ја нагласуваат потребата од фокусирање на она што е најважно, наместо на итното.
„Прво прекрши ги сите правила“ од Маркус Бакингем и Курт Кофман е книга базирана на истражување на Институтот Галуп. Таа нуди увид во тоа како да се гради силен тим, да се препознаат таленти, и како да се менаџира човечкиот капитал.
„Губење на невиноста!“ од Ричард Бренсон претставува инспиративна приказна за претприемач кој од детството полно со предизвици, успеал да создаде конгломерат од над 400 компании.
Овие книги ми помогнаа да научам важни принципи кои ги применувам во бизнисот и во животот до ден денес“.
Коментирај анонимно