Совршен подарок за жената на адвокатот (виц)

Разговараат двајца колеги, адвокати:
– Утре ѝ е роденден на жена ми и не знам што да ѝ подарам. Сѐ си има…
Другиот:
– Направи како мене: подари ѝ официјален документ, заверен од нотар, дека има право на с*кс два часа во денот во било кое време.
Наредниот ден едниот адвокат го прашува другиот:
– Ѝ го даде ли вчера подарокот на жена ти? Како изреагира?
– Да, толку многу ѝ се допадна, што го грабна документот и веднаш исчезна некаде на два часа…