„Совршена“ оптичка илузија открива дали сте чувствителна или логична личност
Оптичките илузии стануваат сè попопуларни на интернет, а сега психологот од TikTok тврди дека има таква што ќе ги открие скриените агли на вашата психа.
Љубителите на психологијата на TikTok каналот @psychologylove100 предизвикаа голема дискусија со својата најнова оптичка илузија која ветува дека ќе ја „открие вашата вистинска личност“. Видеото започнува со: „Она што ќе го видите прво ќе открие многу специфичен аспект од вашата личност.“
Потоа доаѓа моментот на вистината – на гледачите им се прикажува слика и се поставува прашањето: дали прво видовте крокодил, птица или лице?
Подготвени да ѕирнете во својата душа? Погледнете ја сликата и следете го својот прв впечаток.
Крокодили
Aко прво видите крокодили, вие сте чувствителна, креативна личност која ја забележува убавината во секојдневниот живот.
Често сте инспирирани од вашата околина. Имате голема имагинација и способност иновативно да размислувате за решавање на проблеми. Ве привлекуваат уметноста, музиката и литературата,“ откриваат тие.
Птица
Ако прво ја видовте птицата, вие сте аналитична и набљудувачка личност. Имате остар ум и способност да ги забележувате фините детали. Исто така, многу сте проницливи и брзо разбирате работи. Ве привлекуваат науката, математиката и логиката.
Лице
Што се однесува до оние што виделе лице или профил скриен на сликата, видеото смета дека овие луѓе се рационални мислители со „силно чувство за логика. Тие можат да гледаат работи од различни агли и да разберат различни перспективи.
Коментирај анонимно