„Создадов дом за стари лица во којшто Месечината и Сонцето се појавуваат на небото кога луѓето сместени таму сакаат. Алцхајмеровата болест е потешка отколку што си мислиме ние!“

„Што ако дизајнираме средина што изгледа како надвор?“ рече тој. „Што ако можам да имам изгрејсонце и зајдисонце внатре во зградата?“

 

 

 

Секоја вечер околу 17:30, 92 годишната Норма станувала и им кажувала на персоналот во нејзиниот дом за стари лица во Охајо дека треба да замине. Кога прашале зошто, таа рекла дека треба да си оди дома за да се грижи за нејзината мајка. Нејзината мајка, се разбира, одамна починала.

Однесувањето како Норма е доста вообичаено за постарите луѓе кои страдаат од Алцхајмерова болест или други форми на деменција. Волтер, исто така возрасен човек од истата установа, барал појадок од персоналот секоја вечер околу 7:30 часот.

Жан Макеш, извршен директор на објектот за стари лица, вели дека секој ден се среќава со луѓе со вакви приказни. Нивните приказни го инспирирале да направи некои промени во Лантерн, старечкиот дом.

 

 

 

„Мислев дека знам многу за грижата за стари лица. Колку повеќе време поминував со моите клиенти, тогаш сфаќав: „О, боже, немам поим“.

Збунетоста е честа кај пациентите со Алцхајмерова болест, но Макеш знаел дека мора да има некој начин да се минимизираат овие конфликти. Голем верник во идејата дека нашата околина има огромно влијание врз нас, тој почнал да размислува на големо – и дефинитивно „надвор од кутијата“.

„Што ако дизајнираме средина што изгледа како надвор?“ рекол тој. „Што ако можам да имам изгрејсонце и зајдисонце во зградата? Што ако можат да излезат месечината и ѕвездите? Што ако изградам место што ќе ги врати жителите во 30-тите и 40-тите?“.

И тоа било само почеток. Истражувал и звучна терапија. И ароматерапија. И тепих што личел на трева. Она што го смислил Жан е навистина уникатна установа за грижа за лицата со проблеми со меморија. И по тестирањето на концептот во објектот на Лантерн во Медисон, Охајо, Макеш отворил две нови локации оваа година.

Наместо соби, секој жител добива „дом“ на тивка мала затворена улица која потсетува на населбите во кои многумина од нив пораснале. Наместо здодевен таван од панели, жителите гледаат нагоре и гледаат дигитално небо, кое се затемнува доцна во текот на денот за да им помогне да ги одржуваат нивните биолошки часовници во склад. Во текот на денот се внесуваат звуци од природата и свежи ароми како нане или цитрус.

 

 

 

Некои студии покажуваат дека овој вид на ароматерапија навистина може да има одредени заслуги за подобрување на когнитивното функционирање кај пациентите со Алцхајмерова болест.

Сепак, за Макеш, ова не е само да им се олесни на пациентите. Тој сака да го промени начинот на кој размислуваме за суровата релност на тешката деменција.

Макеш вели дека еден од фрустрирачките недостатоци на повеќето установи за нега е тоа што тие создаваат конфликти со неприродни средини и распореди и се обидуваат да ги решат со фрлање на пациентите со антипсихотични и антианксиозни лекови. Со други зборови, кога некој има тешка деменција, ние често се откажуваме од него. Оттаму, тие престануваат да го добиваат ангажманот што им е потребен на нивниот мозок за да напредува.

 

 

Се разбира, далеку сме од лек за Алцхајмерова болест. Но, проектот на Макеш покажува дека кога стратешки размислуваме за менување на животната средина и се фокусираме на помагање на луѓето повторно да ги научат основните вештини за грижа за себе и хигиена, речиси невозможното станува возможно.

„За пет години, ќе можеме да ги рехабилитираме нашите клиенти за тие да можат да живеат независно во нашата средина“, изјави тој. „За 10 години, ќе можеме да ги вратиме дома“.

Тој знае дека тоа е висока цел. А, дали ќе успее, ќе видиме. Но, во меѓувреме, тој е горд што го поседува едно од најуникатните места за престој на возрасни лица во светот.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *